ISO Certified 9001 / 14001 / 45001 / 3834-2

Производи

Опрема изработена според потребите на клиентот, со фокус на безбедност, ефикасност и долготрајност.

Парни котли

Решенија за процесна пареа и индустриски апликации.

Топловодни котли

За системи за греење и технолошки процеси.

Топлиноразменувачи

Ефикасен пренос на топлина и заштеда на енергија.

Хоризонтани резервоари

Сигурно и ефикасно складирање на течности.

Вертикални резервоари

Безбедно складирање и сигурна експлоатација.

Садови под притисок

Изработени според безбедносни стандарди за индустриска употреба.

Услуги

Од идеја до реализација — монтажа, поврзување и комплетна изведба на системи.

Гасоводи и нафтоводи

Индустриски нафтоводни и гасоводини инсталации.

Индустриски котларници

Комплетна изведба и пуштање во работа.

Сервис на котли

Комплетно сервисирање на сите видови на котли

Заварување

РЕЛ, МИГ/МАГ, ТИГ, ЕПП, Гасно

Сечење и виткање

На сите видови лимови, цевки и профили

Кревање на товар

Услуги со автодигалка КАТО до 30т

За нас

Технобен Нова е компанија со повеќе од две децении искуство, која своето работење го започна како мала машинобраварска работилница со неколку вработени и ограничена технологија. Благодарение на континуираниот развој, инвестирањето во знаење и технологија, како и прилагодувањето кон современите индустриски стандарди и потребите на пазарот, компанијата постепено се разви во респектабилен производител во областа на индустриската опрема.

Денес, Технобен Нова е препознатлива компанија во Северна Македонија и пошироко по производство на индустриски парни и топловодни котли, садови под притисок, резервоари за течно гориво, како и по изведба на системи за греење, климатизација и индустриски инсталации.

Нашиот тим брои 30 вработени, меѓу кои 4 машински инженери, 2 машински техничари и 20 квалификувани работници. Во рамките на производствениот процес работат и 10 атестирани заварувачи со TÜV SÜD сертификати, што претставува гаранција за висок квалитет и сигурност во изведбата на индустриските проекти.

Компанијата располага и со сертифицирани специјалисти за заварување – IWE (International Welding Engineer) и IWT (International Welding Technologist), кои обезбедуваат стручна контрола и надзор на процесите на заварување.

Од 2025 година, Технобен Нова е сертифицирана и според ISO 3834-2 – систем за квалитет при заварување, што дополнително ја потврдува нашата посветеност кон високите индустриски стандарди и контрола на квалитетот.

Во текот на повеќе од две децении работење, компанијата има реализирано голем број проекти и референци, како на домашниот пазар, така и во странство.
Горди сме на досегашните резултати и продолжуваме да работиме со истата посветеност и професионалност, со цел да обезбедиме сигурни, квалитетни и долгорочни решенија за нашите клиенти и партнери.

Tehnoben Nova Factory Tehnoben Nova Production

Дел од нашите референци

  • Вертикални резервоари за складирање на сурово масло за јадење - 2 х 630 m³ / АЛ-МАКС ДОО, Струмица / 2007
  • Вертикален резервоар за складирање на мазут 300 m³ / Цементара УСЈЕ, Скопје / 2011
  • Топловоден котел на цврсто гориво 1500kW / КОМФИ-АНГЕЛ ДОО, Прилеп / 2014
  • Вертикални резервоари за вода 2 х 1000 m³ / БАЏО-ПТ Богданци / 2016
  • Складиште за нафтени деривати - 25 × 100 m³ / ТРАНСЛОГИСТИК Ржаничино, Скопје / 2016
  • Вертикални резервоари за складирање на сурово масло за јадење - 6 х 500 m³ / FLUIDI GROUP Gjilan, Kosovo / 2016
  • Вертикален резервоар за вода 1000 m³ од материјал Aisi316L / БАЏО-ПТ Богданци / 2020
  • Гасна инсталација со резервоар и испарувако редукциска станица / ВИТАМИНКА АД Прилеп / 2022
  • Гасна инсталација со резервоар и испарувако редукциска станица / ГРЕНСТАР ДОО Битола / 2022
  • Изведба на комплет гасна инсталација и паровод / ЛУХТМАН БАЦКЛУНД ФООДС ПРОДУЦТИОН Битола / 2022
  • Изработка на топловодна гасна котлара комплет со котли и инсталации / АРМ - Касарна Криволак / 2024
  • Изведба на котлара со котел за пареа и гасна инсталација / МАКПРОГРЕС Виница / 2024
  • Изработка на резервоари и инсталации за бензиска пумпана станица / НАБИЗИ Струга / 2024
  • Топловоден котел на цврсто гориво 350kW / КОМФИ-АНГЕЛ ДОО, Прилеп / 2024
  • Изведба на систем за греење и ладење / Хотел МОНТАНА ПАЛАС Крушево / 2025
  • Вертикален резервоар за спринклер систем 1300 m³ / БМЗ Тирз Скопје / 2025
  • Комплет систем за греење и ладење на производствени погони / КОМФИ-АНГЕЛ ДОО Прилеп / 2025
  • Изведба на комплет котлара со котел за пареа / ВИТАМИНКА АД Прилеп / 2025
  • Гасна инсталација со резервоар и испарувако редукциска станица / МАПЕТ Битола / 2025
  • ... и многу други

Сертификати

Работиме според меѓународни стандарди за квалитет, животна средина, безбедност и заварување.

Контакт

ТЕХНОБЕН НОВА ДОО Прилеп

ул.Александар Македонски бр.104
П.Фах:138, 7500 Прилеп
Република С. Македонија

Тел: +389 48 428 326
Е-маил: [email protected]


Контакт форма